Гаранција и враќање на пари

Секој производ на Aurora доаѓа со рок во кој можеш да го тестираш, и со ветување што е конкретно: ако по тој рок не гледаш подобрување, ти ги враќаме парите. Подолу е точно што да очекуваш и што ни треба од тебе.

Зошто роковите се различни

Кожата на лицето се обновува на околу 21 ден. Кожата на телото е подебела и ѝ треба подолго. На фоликулот на косата му требаат два до три месеци за да покаже нов раст. Маслото за должините, пак, го гледаш истата вечер.

Затоа немаме еден рок за сè. Секој рок е поставен така што ти дава повеќе време отколку што му треба на производот да проработи — за да можеш да одлучиш врз основа на резултат, а не врз основа на нетрпение.

Трпението е дел од третманот

Промената доаѓа постепено и токму затоа е речиси невозможно да ја забележиш сама. Се гледаш во огледало секој ден и очите ти се навикнуваат на она што го гледаат. Повеќето жени ја забележуваат разликата дури кога ќе постават две фотографии една до друга.

Најчестата причина некому „да не му помогнало“ не е формулата — туку прекин во четвртата или петтата недела, точно пред моментот кога има што да се види.

Затоа те молиме за едно нешто пред да почнеш: фотографирај се. Иста светлина, ист агол, исто место. Тоа е единствениот начин обете да знаеме што навистина се случило.

Производи за лице

45 дена

Essence Cleanser · Energizing Toner · Clarifying Serum · Brightening Essence · Vitamin C Serum · Calming Essence · Eternal Renewal · The Lifting Serum · Crème De La Lumière · Aurora 21 ритуалите

Нашето ветување е конкретно: по 45 дена редовна употреба според упатството, кожата треба да покаже подобрување. Не совршена кожа — подобрување. Ако не гледаш ни најмало подобрување, ти ги враќаме парите без дополнителни прашања.

Што да очекуваш
  • Недела 1Кожата се навикнува. Можни се лесна сувост или ситни избивања — тоа е нормално и поминува.
  • Недела 2Текстурата е помека, кожата е посмирена и порамномерна на допир.
  • Недела 3Крајот на првиот циклус на обнова. Првиот вистински сјај и почист тен.
  • Недела 6Помалку нови избивања, дамките и лузните почнуваат да бледнеат, тонот се изедначува.
Што ти треба за гаранцијата
  • Фотографија пред да почнеш и фотографија по 45 дена — иста светлина, ист агол, без шминка и без филтер.
  • Кратка порака како си ги користела производите: колку пати дневно, по кој редослед, дали си користела и нешто друго.
  • Пријавување во рок од 45 дена од испораката.

Производи за тело

60 дена

The Micro Peel · Seraphine Urea Body Cream · Aurora Velvet Ritual

Кожата на телото е подебела од онаа на лицето и се обновува побавно, а јагодестите нозе и враснатите влакна се решаваат циклус по циклус, не преку ноќ. Затоа тука рокот е 60 дена.

Што да очекуваш
  • Недела 1Кожата е помека веднаш по првата употреба. Грубоста попушта.
  • Недела 2–3Помалку црвени точки, порамна текстура на допир.
  • Недела 4–6Видливо помалку враснати влакна и позатегната, поизедначена кожа.
  • Недела 8Мазни нозе што ги покажуваш без размислување.
Што ти треба за гаранцијата
  • Фотографија пред и по 60 дена — исто место на телото, иста светлина, ист агол.
  • Кратка порака како си ги користела производите и колку често.
  • Пријавување во рок од 60 дена од испораката.

RADIX Hair Revival Oil

30 дена

Маслото за должините и врвовите

Ова масло не е производ за кој треба да чекаш три месеци. Резултатот го гледаш истата вечер: помеки врвови, полесно расчешлување без кинење и сјај што го фаќа светлото. Затоа и рокот е пократок — 30 дена ти се повеќе од доволни да знаеш.

Што да очекуваш
  • Истата вечерВрвовите изгледаат запечатено. Косата е помека и го фаќа светлото.
  • Недела 1Расчешлувањето е полесно, помалку скршени влакна во четката.
  • Недела 4Фризирањето се смирува, фризурата трае подолго, врвовите изгледаат почисто.
Што ти треба за гаранцијата
  • Најмалку три до четири употреби.
  • Кратка порака колку капки си користела и каде си ги нанесувала.
  • Една слика од врвовите на сува коса, или кратко видео од чешлање.
  • Пријавување во рок од 30 дена од испораката.

Прашуваме како си го користела затоа што во најголем дел од случаите проблемот е премногу производ или нанесување на корените — и тоа го решаваме за една порака. Ако и по тоа не си задоволна, ти ги враќаме парите.

RADIX Growth Tonic и RADIX The Hair Ritual

90 дена

Третманот за скалпот и коренот

Кожата се обновува за три недели. На фоликулот му требаат два до три месеци. Повеќето брендови даваат 30 дена — точно доволно за да заклучиш дека не работи, пред воопшто да имало време да работи. Ние даваме 90.

Што да очекуваш
  • Ден 1Ладно, разбудено чувство на скалпот. Тоа е ментолот — знак дека тоникот стигнал до коренот.
  • Недела 1–2Скалпот е посмирен. Помалку чешање, затегнатост и маснотија на вториот ден.
  • Недела 4Помалку влакна кога се чешлаш.
  • Недела 6Видливо помалку коса во туш кабината и на перницата.
  • Недела 8–12Кратки нови влакна по линијата на челото и разделот. Ластикот оди еден круг помалку.
Што ти треба за гаранцијата
  • Фотографија на разделот пред да почнеш, и по 90 дена — иста светлина, ист раздел, ист агол. Препорачуваме и на 30 и на 60 дена.
  • Кратка порака како си го користела тоникот: колку често, на сув или влажен скалп, дали си масирала.
  • Пријавување во рок од 90 дена од испораката.

За Ритуалот важи истото — 90 дена за целиот комплет, бидејќи резултатот што го очекуваш доаѓа од тоникот.

Како да ја искористиш гаранцијата

  1. Пиши ниНа Viber или на е-пошта, со бројот на нарачката.
  2. Испрати ги фотографиитеОнаа пред и онаа по истекот на рокот.
  3. Опиши ни како си го користела производотНеколку реченици се доволни. Ова не е формалност — често токму тука ја наоѓаме причината и работата се решава без враќање пари.
  4. Одговараме во рок од 2 работни денаАко условите се исполнети, ти ги враќаме паритена трансакциска сметка по твој избор.

Пакувањето не мора да го враќаш. Задржи го производот.

Услови

  • Гаранцијата важи за една нарачка по домаќинство.
  • Рокот тече од денот на испораката.
  • Производот треба да е користен според упатството, во препорачаниот период и без прекин.
  • Гаранцијата важи за производи купени директно од auroraskincare.org.
  • Ако производите биле користени помалку од половина од рокот, ќе те замолиме прво да го довршиш третманот — не затоа што одолговлекуваме, туку затоа што резултатот доаѓа кон крајот.

Ако производот стигнал оштетен, ако си добила погрешен производ или ако имаш реакција на кожата — тоа не е предмет на оваа гаранција. Пиши ни веднаш и решаваме поинаку и побрзо.

Често поставувани прашања

Мора ли да ги вратам шишињата?

Не. Задржи ги. Нè интересира резултатот, не пакувањето.

Што ако заборавив да се сликам пред да почнам?

Пиши ни сепак. Фотографијата пред е она што најмногу помага, но не е единственото нешто што го гледаме. Ако можеш да ни испратиш постара слика од телефонот со слична светлина, и тоа е од помош.

Зошто прашувате како сум го користела производот?

Затоа што најголемиот дел од случаите каде нешто „не работи“ се решаваат со мала измена во начинот на употреба — премногу производ, погрешно место, преголеми паузи. Прво го пробуваме тоа. Ако не помогне, враќаме пари.

Купив повеќе производи одеднаш. Како важи гаранцијата?

Важи за целата нарачка, според најдолгиот рок во неа. Ако си купила и производ за лице и производ за тело, рокот се смета за секој производ посебно.

Колку време чекам за парите?

Одговараме во рок од 2 работни дена од пораката. По одобрувањето, средствата се враќаат во рок од 14 дена.

Може ли да го вратам производот ако едноставно не ми се допаѓа мирисот или текстурата?

Гаранцијата за резултат не го покрива тоа, но сепак пиши ни. Законското право на отказ на нарачката важи одделно и за него важат други услови.

Пиши ни

Viber: 07X XXX XXX · е-пошта: info@auroraskincare.org

Одговараме во рок од 2 работни дена.

Оваа гаранција за задоволство е доброволна политика на Aurora Skincare и е дополнение на твоите законски права како потрошувач, а не замена за нив. Производите на Aurora се козметички производи и не се наменети за лекување или спречување болести.